Мешовите цени на нафтата, тензии на Блискиот исток!
Цените на нафтата денес беа мешовите, во светло на зајакнување на доларот и геополитичките тензии на нафта на богатиот Блиски Исток, велат аналитичарите. Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во април поскапела на Њујоршката берза еден цент на 50,01 долари, додека типот на нафта „брент“ за априлската испорака во Лондон поевтини осум центи на 58,45 долари пренесува агенцијата Франс Прес .
Доларот зајакнал после објавувањето на податоците за силната вработеност во САД во фаевруари, кои поттикнаа очекувања американската централна банка наскоро да ги подигне каматните стапки. Силниот долар ја направи нафтата поскапа за купувачите кои користат послаби валути, што доведува до пад на побарувачката, а со тоа и цената.
Судирите во Либија и јакнењето на џихадистичката организација Исламска држава во таа земја поттикнаа стравувања во соседните земји дека немирите ќе се прелеат преку границата на Либија.
Производството на нафта во Либија, членката на Организацијата на извозници на нафта, е намалена од максимални 1,5 милиони барели дневно на 150 000 барели.
Инфлацијата во Кина, најголемиот светски потрошувачки енергент, во февруари се забрза од петгодишниот минимум забележан претходниот месец.
Потрошувачкте цени пораснале 1,4 посто, после растот од 0,8 одсто од јануари, иако иднексот на произведувачките цени падна 4,8 одсто, што е негов најслаб резултат од октомври 2009.
