Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мешана патрола полиција и родители викендов ги изненадија младите во Делчевско и Виничко

Мешана патрола полиција и родители викендов ги изненадија младите во Делчевско и Виничко

Во текот на минатиот викенд на подрачјето на ПС од ОН Виница како и на подрачјето на ПС од ОН Делчево, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, беше реализирана проектната активност „Мешана патрола полиција и родители во обиколка на најпосетувани места за ноќна забава на малолетниците“.

Целта на овој проект е да се промовира и зголеми квалитетот на односот меѓу полицијата и граѓаните и да се подигне нивото на свеста на родителите за потенцијалните ризици и опасности врз малолетниците при нивното дружење во вечерните часови, во смисол на употреба на алкохол и други социопатолошки појави и навремено детектирање и превенирање на малолетничкото престапништво. На почетокот родителите беа запознати со причините, целите, задачите и очекуваните резултати од проектот, како и со досегашната  работа на Отсекот за превенција при СВР Штип, а потоа беше извршена обиколка на угостителски објекти во централното гратско подрачие, како и местата каде што најчесто малолетниците во вечерните часови се присутни и како ранлива категорија постои опасност да бидат жртви на кривични дела и прекршоци.

Во реализација на проектот на подрачјето на ПС од ОН Виница учествуваше и Градоначалникот на општина Виница г-дин Емил Дончев. По извршената патрола беше направена анализа на проектната активност при што од страна на родителите беше отценет како добар и предложија ваквата активност да се повтори и кога учениците ќе започнат со учебната година.

Слично

Поврзани вести