Економија, финансии, бизнис

Контакт

Месечен раст на нето-платите

Месечен раст на нето-платите

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по  вработен, во април 2018 година, во однос на април 2017 година е зголемена за 5.6 насто.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен  во секторите: Рударство и вадење на камен (32.2 %), Преработувачка индустрија (13.0 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е поголема за 0,2 насто а најмногу е забележана во секторите: Рударство и вадење на камен (14.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Трговија  на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %). 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2018, изнесува 23 942 денари.

Слично

Поврзани вести