Месечен хороскоп за мај 2016
Овен
Колку и да мислите дека ви е потребен одмор по работниот период, за тоа ќе мора да почекате бидејќи и овој месец ќе ви биде полн со активности. Многу работни состаноци, контакти и кратки патувања ќе придонесат да се чувствувате исцрпено, но задоволно и исполнето. Повеќе ќе му се посветите на семејството, а крајот на месецот ви носи голема промена на емотивен план. Многу ќе излегувате и ќе имате убави средби со лица од спротивниот пол.
Бик
Положбата на планетите во куќата на личноста ќе придонесе за вашиот личен напредок и ангажман, но од друга страна тие може и да ве спречуваат. Не запаѓајте во замка на егото и не работете и не одлучувајте на своја рака, без консултација со другите. Во првиот дел од мај лесно ќе ги користите деловните можности што ќе ви се укажат, а тоа е и време за почеток на финансиска стабилизација. Одличен период за емотивна врска, но и за нови пријателства. Љубовта цвета.
Близнаци
На почетокот од мај Близнаците ќе имаат поголема соработка со колегите, и на тоа поле ги очекуваат големи пресврти. Повторно ќе можат да воспостават некои деловни контакти што одамна ги прекинале, но за жал некои комбинации од кои досега сте имале добар финансиски приход, ќе се прекинат. Овој месец ви носи поголема деловна комуникација, но и одредена доза на нервоза во односот со авторитетите. Намалете ги малку своите љубовни очекувања, особено ако сте во подолга емотивна врска.
Рак
Додека во почетокот од мај ќе бидете неактивни и ќе ги преиспитувате своите идеи како да ја унапредите својата кариера, втората половина од месецот е вистинско време за акција. Како резултат на прогресивниот Јупитер ќе почувствувате дека ситуацијата и можноста се вртат во ваша корист. Движењето на Меркур може да донесе и краткотрајни проблеми во соработката и во комуникацијата со колегите. Почнете сериозно да размислувате за заедница со саканото лице, вистинско време е да ја стабилизирате врската.
Лав
Добрата соработка со авторитетите, особено во втората половина од мај, на многу Лавови ќе им донесе долгоочекувани деловни можности. За вас мај значи голем напредок во кариерата, само важно е во последната недела да внимавате на понудата од деловниот партнер која може да изгледа како остварување на сонот, но добро размислете дали ќе можете да исполните сè што ќе се бара од вас. Ќе имате бурен социјален живот и позитивна атмосфера со саканото лице.
Девица
Во првиот дел од месецот ќе бидат фаворизирани Девиците што се пробиваат на деловната сцена, градат кариера, се занимаваат со производство или се медиумски и јавно експонирани, а вториот дел е резервиран за оние што се занимаваат со креативна работа, живеат од своите идеи и интуиција или работат во институции од затворен тип. Со присуството на Венера вашите приоритети ќе се свртат кон емотивниот живот и љубовта, а за оние што се во долга врска, ова е време за да донесат одлука за брак.
Слично
