Економија, финансии, бизнис

Контакт

Месечен хороскоп за јануари 2016 година

Месечен хороскоп за јануари 2016 година

Што ѕвездите ви препорачуваат за новата 2016 година?   Овен Започнуваме со одлична прогноза, која се однесува на резултатите на работа во јануари - еден од најдобрите, ако не и најдобриот месец во текот на првата половина на 2016 година. Додека другите ќе одмараат, вие заборавате на забавувањето и се фрлате на работа. Макар и да сте сами во канцеларијата, додека другите слават, вие ја прифаќате работата и сте вредни. Овој месец е одличен за подобруање на постоечката работа и создавање на нови бизнис зделки. Можно е мало чувство на замор или краткотрајна депресија, која ќе исчезне исто како што дошла. Бик Што се однесува до вашиот план на работа, јануари е воглавно месец во кој се слави, одмара и се враќа во нормала. Месецот кој не можеме да го сметаме за сериозен период на планови, па и вас ве очекува истата судбина во текот на наредните 30-тина денови. Ако треба да се сконцентрирате на нешто во текот на јануари, нека тоа бидат плановите за иднина, и тоа плановите кои ќе ги донесете врз основа на грешките кои сте ги правеле во текот на минатата година. Во јануари актуелни се сезонските вируси и болести, па трудете се да внимавате на имунитетот, поточно да го зајакнувате. Близнаци  Годината ќе ја започнете со доста елан и работна сила, па добро би било да ги искористите за да направите некои резултати поради кои на крајот на годината ќе имате насмевка на лицето и плус денар в џеб. Имате одлични аспекти за добар месец, па реализирајте ги како знаете и умеете. Потребно е да сфатите дека ова не е месец кога ќе направите големи пари, планетите само ви се во позиција на полето на парите.  Чувајте го вашето здравје, затоа што овој месец потешко ќе поминат Близнаците кои имаат хронична болест. Рак Ако дадете се` од себе и тргнете со максимална напор, успехот е загарантиран. Дајте се` од себе за да започнете некои нови работи. Ви претстојува прекрасен период, од кој и тоа како ќе ги берете плодовите. Доста другите земаа пари, време е и вие да заработите нешто. Соберете храброст, одете во поход бидејќи вие и тоа како имате сила да успеете. Ако не сакате да ризикувате работете го она што го работите, и ќе добиете пофалби.  Вашето здравје треба да ви биде најважно на целиот свет, па добро би било да посветите повеќе време и малку да размислите за вашите лоши навики. Лав Очекувајте позитивен тренд што се однесува до работата. Лавовите се познати како луѓе кои секогаш тежнеат кон подобро, кон напредок, а што се однесува до ситуацијата на работа, овој месец ќе бидете забележани, па вашата работа сигурно ќе донесе резултати - затоа изолирајте се од сите и бидете вредни. Имате доста силна поддршка со комбинацијата на Сатурн во Стрелец, па ќе имате енергија за работа. Она на кое треба да внимавате се преголемите желби; треба да сфатите дека не можете баш се` наеднаш на направите.  Одлична здравствена слика. Девица Додека припадниците на останатите хороскопски знаци мака мачат со работните проблеми овој месец, вам ѕвездите ви се насмевнуваат и имате одлични шанси на работа. Само треба да ги искористите. Периодот е и така поволен за нови зделки, разработка на старите, зајакнување на активностите на постоечкото работно место. Одлично е и за сите оние кои на било кој начин работат со странство, на сите чијашто работа е тесно поврзана со луѓе. Комуникацијата ќе биде на доста високо ниво, па поради тоа дајте се` од себе за да ги искористите шансите. Првиот дел од месецот е добар, а вториот малку полош. Ќе бидете подложни на сезонски болести, настинки, проблеми со грлото, грип па дајте се` од себе да ви биде подобро. Вага Пред вас е малку потежок месец, полно со искушение што се однесува до работата и работната атмосфера. Бидете внимателни во комуникацијата со колегите и партнерите, бидејќи во вашето опкружување постојат луѓе кои само чекаат на некоја ваша грешка, или било што, што би можело да се нарече грешка. Не дозволувајте никој да ве изманипулира, измами и натера да направите нешто што не би требало да го направите бидејќи би можело да се употреби како аргумент против вас. Не им верувајте ниту на оние кои добро и долго ги познавате. Првиот здравствен совет е нешто што сте го слушнале повеќе пати, но обидете се сега да го сфатите сериозно - за сите проблеми кои ќе се појават консултирајте се до доктор. Не си дозволувајте себеси овој месец ништо да не ве мачи. Шкорпија Се надеваме дека не се потрошивте многу минатиот месец, бидејќи во текот на јануари ќе има трошоци, а во вашето поле на финансии е опасниот Сатурн кој само ве тера и тера на трошоци. Затоа, во секоја можна прилика запрашајте се дали баш нешто морате да купите или пак можете да поминете и без тоа. Јануари дефинитивно не е ваш месец, но за среќа брзо ќе помине па на крајот на месецот се` ќе тргне на подобро. Обидете се во овие 20-тина дена да ги завршите ситните работи кои ве очекуваат и да започнете комуникација и планирање на некои обврски кои од февруари ќе треба да ги имате завршено.  Во текот на јануари вашата здравствена состојба треба да биде солидна, без поголеми проблеми. Она што постојано ве мачи е последица од стресот и уморот, па гледајте што повеќе да одморите и поквалитетно да се наспиете. Стрелец Како што стојат работите, на работно поле треба да биде добро, а истото е и на финансиско поле. Особено првите 15-20 дена, па потрудете се со сите сили да работите повеќе од останатите, а и самите знаете дека голем дел од популацијата во текот на јануари ќе сонува зимски соништа. Вие нема да сонувате, туку ќе се обидете да ги реализирате и да ги живеете вашите соништа - потрудете се да ја искористите секоја шанса што ќе ви се овозможи за да можете да заработите убави пари. Со самот тоа финансиските ефекти од јануари треба да бидат добри, можеби ве очекува некаква добивка до крајот на месецот и до крајот на наредниот период. Внимавајте на имунитетот, ослабен ви е, и доста сте под стрес. Јарец Веднаш да ви ја пренесеме позитивната енергија - овој месец би можел да биде доста добар. Иако овој месец ефективно ќе биде пократок поради празниците и опоравувањето од истите, оној работен дел ќе биде доста добар, и ѕвездите ќе бидат со вас. Очекувајте помош од сите, од оние со кои работите и оние за кои работите. Дури и ќе имате поголема поддршка од оние над вас, што дотогаш не беше случајот. Секако, на вас останува сето тоа да го искористите на најдобар можен начин, пред се` со вредна работа. Здравјето ќе ви биде одлично и цел месец нема  да имате никакви проблеми. Водолија Влегуваме во јануари, месец кој најбрзо ни поминува, а покрај тоа, месец во кој трошиме најмногу пари. А бидејќи овој јануари нема дефинитивно да имате убави спомени што се однесува до работата, првиот совет би било во никој случај да не вложувате пари во било што. Овој период кога би можеле да имате непријатности на работа, непријатности со луѓето кои отсекогаш сте знаеле дека се се`, само не луѓе, па обидете се да стоите настрана од нив. Вратете се на работата, дајте се` од себе да го направите она што се очекува од вас, и вашите финансии ќе бидат подобри. Внимавајте на сезонските болести. Риби Што се однесува на почетокот на годината, не е лошо. Првите 15-тина дена ќе спиете во зимски сон, а тогаш ќе се пробудите и тоа нагло. Во текот на средината на месецот ви доаѓа добар период - комбинацијата на Марс во Шкорпија и Венера во Стрелец се тука да ви помогне како за работни, така и финансиски планови кои ги имате. Во текот на месецот ќе имате поддршка од соработниците, шефовите... Она што ви препорачуваме е да ги вложите паметно парите, за да добиете плод.  Здравјето е на исто ниво како претходните неколку месеци, па така ќе продолжи и во текот на целиот јануари. Не треба да се грижите за ништо.
Слично

Поврзани вести