Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: СРЕЌАТА, ПАРИТЕ И РАБОТАТА ВО АВГУСТ

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: СРЕЌАТА, ПАРИТЕ И РАБОТАТА ВО АВГУСТ

Овенот успехот на работа нема да го напушти и во месец август. Во првите две недели ве очекува нов производ, нова реклама, нова опрема на работа. Во август ќе направите чекор напред во кариерата или ќе најдете подобра работа.

За биковите август е месец кога ќе си ја подобрат финансиската ситуација. Изгубените пари ќе ги повратите и ќе имате стабилност. Август е месец кога ќе бидете окупирани со обврски.

За вработените близнаци август ќе биде динамичен месец. Ќе се насочите кон работа која е врзана за технологија, туризам или транспорт. Кавгите со колегите се минато и на работа ќе имате мирна атмосфера во август.

Ракот во август ќе позајмува и распределува пари. Почетокот на месецот ќе биде тежок. Тензиите на работа, стравот од губење на работата ќе заврши на 13 август. Ако имате заостанати плати, тие ќе бидат исплатени и ќе се откажете од идејата да ја напуштите работата.

Август е поволен за сите лавови кои се занимаваат со наука или креативна работа. По 13 август ќе имате шанса за напредување во кариерата. Август на лавовите ќе им донесе и подобра заработка.

За девиците август ќе биде помалку стресен од претходниот месец. Успех ги чека посебно девиците кои се занимаваат со интелектуална работа. Невработените девици цел месец ќе имаат можности за вработување. Ќе подмирите долгови и ќе планирате нови инвестиции.

Вагите ќе имаат многу деловни контакти во август. По 22 август повлечете се од јавност за да ги осмислите идните чекори. На 20 и 21 август внимавајте да не „експлодирате“ на работа. Ќе почнете повеќе да се интересирате за алтернативни науки.

За шкорпиите од 20 до 24 август е најдобро да акумулираат капитал. Од 26 до 28 август можете да склучите партнерство. Шкорпиите кои работат на берза или со трговија ќе имаат голем успех. Невработените шкорпии со помош на влијателни пријатели ќе можат да пронајдат работа.

Стрелците по 13 август ќе добијат повик за деловно патување надвор од земјата. Ќе имате многу дополнителни ангажмани, што ќе се види и на сметката во банка. Во втората половина на август ќе имате понуда за подобра работа, што ќе  ве стави во дилема. Ниту една опција не е лоша, размислете. Месецот е поволен и за невработените стрелци.

Јарците во август приватно ќе имаат многу работа, но ќе се соочат со потешкотии при наплата. Во првите две недели ќе имате работа во банки, плаќање на долгови, даноци, а во втората половина на месецот ќе се извлечете од оваа ситуација. Невработените можат да очекуваат вработување во последната седмица на август.

Водолиите немаат причина за грижи, затоа што работите се менуваат во нивна корист. Ќе ги пласирате вашите нови идеии и проекти. Овој период можете да го искористите да се повлечете малку од работа и да одморите малку или да се посветите на некое хоби. За повеќе пари ќе мора да работите повеќе.

За рибите август ќе биде плоден и успешен месец. Ќе работите со авторитетни луѓе. Околу 2 август ве очекуваат финансиски трансакции. Ве очекува многу работа, но ќе имате елан  за сите обврски. Барајте нови можности за напредок. Невработените припадници на овој знак можат да очекуваат работа по 22 август.

Слично

Поврзани вести