Економија, финансии, бизнис

Контакт

Месечен хороскоп јули 2016

Месечен хороскоп јули 2016
Што овој месец планетите и ѕвездите подготвиле за вас? Oвен Работа - Драги Овнови, полни сте со енергија, работна иницијатива и ентузијазам, бидејќи вашата лична планета Марс, го промени правецот и започна директно да се движи. Ова би бил одличен месец за вас на професионално поле. На работа владее мирна атмосфера и овој месец ќе биде воглавно мирен за вас. Работите ќе се движат во нормално темпо, а вие ќе успеете да ги завршите сите активности кои претходно не сте успеале да ги завршите. Љубов - Во овој период вашето внимание е насочено кон домот, партнерот и семејството. Во четвртото поле на домот, здружени се позитивните енергии на Сонцето, Венера и Меркур и со вашиот партнер, деца и родители имате емотивни топли односи. Овој период е добар за решавање на станбеното прашање, такашто купувањето недвижнини и преуредувањето на вашиот дом се одлична можност. Делувате уморно од гужвата, излегувањата и забавата, па сакате малку да одморите. Здравје - Бидете внимателни кон вашиот организам и одржувајте го во кондиција. Бик Работа - Биковите кои работат можат да очекуваат поголема динамика и помалку среќа на работното место во однос на претходниот период. Планетарните односи се напнати и потребно е да ги рационализирате трошоците и со поголемо внимание да инвестирате. Вработените претставници на вашиот знак може да ги вознемири лошата атмосфера на работното место. Бикот не сака промени, па за вас ќе биде и тоа како напорен месец. Љубов - Слободните Бикови пред себе ги очекува возбудлив месец. Ќе се впуштите во нови предизвици, ќе посетувате неистражувани места за забава и ќе запознаете интересни луѓе. Бидете внимателни во првата декада на јуни, кога може да ви се случат непријатности и разочарувања. Додека вие барате љубов некаде далеку од дома, некоја блиска личност од вашето соседство е заинтересирана за вас и се обидува да ви се приближи. Еден тивок Рак, нежна Риба или деликатна Девица ќе ја сака вашата наклонетост. Здравје - Во овој период ќе чувствувате недостаток на енергија. Близнаци Работа - Јули е само продолжение на напредувањето на работа, кое го започнавте во текот на претходниот емсец. Во овие денов имате можност да ги реализирате најдобрите финансиски резултати за оваа година. Вашата куќа на пари, е поддржана од Сонцето, Венера и Меркур и се создадени услови да го надминете бизнис планот и да реализирате поголема материјална придобивка. Ве очекува динамичен период и многу работни обврски во јули. Љубов - Близнаците кои се во брак или долга врска во овој период ќе бидат и тоа како емотивни и ќе се насочат кон семејството и партнерот. Вашиот однос со партнерот и понатаму е тежок и го очекува големи промени. Ќе морате да ѕирнете длабоко во вашето срце и да пронајдете одговори на прашањата што навистина сакате вие и што очекувате од партнерот? За сите слободни Близнаци, ве очекува одличен период со многу дружење и патување. Здравје - Одлучете се за јога или медитација. Рак Работа - Сонцето влезе во вашиот знак и го заокружи циклусот од година дена со успех. Можете да бидете целосно задоволни со постигнатото работно влијание и финансиски резултати кои со доста мака последните месеци сте успеале да ги одржувате на просечно ниво. Првите две декади на јули искористете ги за проширување на капацитетите и работење, а последната декада е најдобра за парични трансакции. Љубов - Вашата брачна или долгогодишна врска падна во монотонија. Секој е зафатен на своја страна и така се редат деновите без многу ведрина и взаемна блискост. Вашиот успех како да ве раздалечил уште повеќе. Се обидувате да го вратите расположението на партнерот и да внесете топлина во домот такашто ги собирате пријателите и роднините во вашиот дом. Сосема друга приказна се слободните Ракови. Расположението и задоволството ќе создадат услови за флерт, додворување и по некоја авантура. Здравје - Имате одлична кондиција. Лав Работа - Пред вас е успешен работен месец во кој после извесна борба и прегрупирање ќе направите чекор понапред во развивањето на вашиот бизнис и вашата кариера. Одредена нестабилност на пазарот овие денови ќе ве наведе да ја промените стратегијата и да смислите измени во врска со пласирањето на производите, услугите и проектите. Пожелно е вашите свежи идеи да им ги претставите на јавноста после 12 јули, кога планетата Венера ќе влезе во вашиот знак. Љубов - Ако сте во врска сте постигнале успех и делувате моќно за околината. Вашиот постојан партнер може да покаже љубомора што ќе ве нервира и ќе ве натера да се повлечете во вашиот свет. Не сте расположени да навлегувате во поголеми расправии, но и самите ќе согледате дека нешто не е во ред со вашиот однос и досегашниот семеен живот. Слободните Лавови изгледаат моќно и заносно и со тој изглед ќе ја шармираат околината. Ќе се движите во високо друштво и уметнички кругови и ќе се чувствувате одлично. Здравје - Внимавајте, овој период подложни сте на вирусни и бактериски инфекции. Девица Работа - За разлика од минатиот месец, во овој период Девиците со повеќе мака, компликации и стрес ќе го одржуваат темпото и редовниот бизнис. Вашата планета Меркур во првите 10 дена ќе се наоѓа во јули во предизвикувачки аспекти со Плутон и Уран, па ќе бидете приморани брзо да реагирате и да решавате изненадни проблеми. Ќе работите под притисок и нема да гледате некој напредок во решавањето на работните задачи. Љубов - Оние кои се во подолга врска или брак ги очекува комплициран однос со партнерот. Ваквите ситуации создаваат негативно делување, а вашиот владетел на партнерски односи, планетата Нептун, започна со ретроградно движење и создава магловити односи и ситуации. Слободните Девици во текот на овој период ќе пронајдат забава и опуштање во дружењето со старите другари. Помалку ќе ве интересира барање на партнер и љубов и ќе бидете среќни во друштво со пријателите. Здравје - Ве очекуваат проблеми со стомакот.
Слично

Поврзани вести