Економија, финансии, бизнис

Контакт

Месечен хороскоп – април 2016

Месечен хороскоп – април 2016
Овен  Ова е месец кој воглавно ви припаѓа вам и може да се подели на два периоди: поубавиот, кој трае до роденденот и оној помалку убав кој се однесува на периодот од роденденот па се’ до крајот на месецот. Сонцето во вашиот знак ќе донесе позитивна енергија која ќе го замени лошото расположение во изминатите три месеци. Клучните зборови за овој месец се: активност, договори и стрес. Ова е одличен период за ослободување од негативната енергија во домот и кариерата. На здравствен план доаѓа до подобрување. Бидејќи сте на лизгав терен, бидете спремни некои активности да ги повторите повеќе пати за да го постигнете посакуваниот ефект. На емотивен план добри вести: Наредниот период ќе биде преполн со ситуации од кои ќе научите да го привлечете вниманието на спротивниот пол. Оние кои се слободни ќе мораат да обрнат внимание на неискреноста на личноста што ја сакаат. Бик Месечниот хороскоп за Бик предвидува засилување на внатрешниот потенцијал. Клучните зборови за овој месец се: напорна работа, усогласување со работното опкружување и стресот. Овој месец е одлична можност за сумирање на постигнатите резултати како и за планирање на идните активности. Ова не е време кога треба да започнете со нов проект бидејќи ќе се соочите со непредвидени потешкотии и проблеми. На љубовен план некој Стрелец ќе се појави во вашиот живот и со него може да имате кратка и бурна афера. За слободните Бикови, во фокусот ќе се појави Скорпија, а потоа Риби. Близнаци Клучните зборови за овој месец се: отсуство на толеранција во љубовните односи, раскинување и доста стрес. Ќе имате доста лоша комуникација со пријателите. На финансиски план доаѓа до реализација на замисленото, бидејќи планетарните констелации ги фаворизираат општествените и кариерните прашања. Потребно е да ги направите правилните потези и да работите понапорно за да успеете да напредувате. На љубовен план се’уште нема смирување на ситуацијата, а малку повеќе љубов и толеранција ќе влијаат позитивно на вашите односи со партнерот.
Слично

Поврзани вести