Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРМЕРНО ЕЗЕРО: Како се создаваше и дали е безбедно?

МЕРМЕРНО ЕЗЕРО: Како се создаваше и дали е безбедно?
„Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи Крале Марко со боздоганот, туку е производ на осмислен процес на експлоатација по сите стандарди. Теренот е еколошки чист а квалитетот на водата е (испитан во 2011 год.) хемиски и биолошки исправна. 13590427_10153842338904053_8034915173146103128_n Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти во ова прекрасно место“ напиша М-р Васко Дамески - поранешен раководител на рудникот Беловодица. Тој дополни дека местото не е безбедно. „АПЕЛИРАМ !!! Да се внимава при посетата на Мермерното езеро. Постојат делови од рудникот кои не се безбедни. Има појава на одрони и крупни карпи блиску под површината на водата со што е голем ризикот при фрлање во вода од поголеми височини. 13590427_10153842338904053_8034915173146103128_n Концесијата ни е одземена од Влада на Р. Македонија и ги изгубивме ингеренциите да го завршиме процесот на обезбедување и рекултивација на рудникот. АПЕЛИРАМ до локалната самоуправа да испрати екипа која ќе се грижи за безбедноста и хигиената, посебно за време на викендите кога има голема фрекфенција на посетители. Ви стоиме на располагање за обезбедување и маркација на ова прекрасно место.„ mermerno  
Слично

Поврзани вести