Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерките уште порадикални, ЕЦБ ја урна основната каматна стапка!

Мерките уште порадикални, ЕЦБ ја урна основната каматна стапка!

Европската централна банка ја урна основната каматна стапка на нула, од досегашните 0,05 одсто, како дел од пакетот мерки за придвижување на економијата на Еврозоната.

ЕЦБ исто така го проширила програмот на квантитативно олеснување од 60 на 80 милијарди евра месечно, а во откупот, покрај државните обврзници се вкулучени и корпоративните.

Исто така, ЕЦБ одлучила додатно да ги скрати стапките на банкарските депозити на минус од 0,4 одсто, од досегашните 0,3 проценти.

Тоа значи дека банките за депозити положени кај ЕЦБ сега мора да издвојат повеќе пари.

Мерките кои денес ги усвои ЕЦБ се порадикални одошто очекуваа инвеститорите.

Пазарите на капитал позитивно реагираа, па прометот на Франкфуртската берза пораснал за 2,3 одсто. а на Париската за три проценти.

Само неколку минути после одлуката на ЕЦБ да ја намали референтната каматна стапка на рекордно ниско нулта ниво од претходните 0,05 одсто, и да го прошири месечниот откуп на обврзници на 80 милијарди евра, еврото ослабна за 1,2 одсто, на 1,0853 долари.

Слично

Поврзани вести