Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКИТЕ ОЛАБАВУВААТ: Се отвораат рестораните во Нови Сад, Крагуевац и Ниш

МЕРКИТЕ ОЛАБАВУВААТ: Се отвораат рестораните во Нови Сад, Крагуевац и Ниш

Олабавуваат рестриктивните мерки во Србија.

Од понеделник ќе се отворат рестораните и кафулињата, како и јавниот превоз во градовите Нови Сад, Крагуевац и Ниш, пренесува Блиц.

Јавниот превоз во Белград ќе биде рестартиран на 8 мај, а градинките и дневниот престој ќе бидат отворени на 11 месецов. 

Што се однесува до граѓаните на возраст над 65 години, од овој понеделник можат да одат еден час на ден на прошетки и помеѓу 18 и 1 часот по полноќ.

Домашните миленици може да се шетаат од 23,00 до 1,00, на 200 метри од регистрираното живеалиште. 

Во недела, сопствениците можат да ги шетаат своите миленици од 8 часот наутро до 10 часот.

Слична е состојбата и во другите балкански земји. 

Портпаролот на словенечката Влада Јелко Кацин објави дека најверојатно јавниот превоз во земјата повторно ќе биде активиран на 11 мај.

Во Берлин, Париз и другите европски метрополи има промени во јавниот превоз. 

Слично

Поврзани вести