Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерките на ЕЦБ му помагаат и на кинескиот извоз!

Мерките на ЕЦБ му помагаат и на кинескиот извоз!

Вицегувернерот на Народната банка на Кина (PBoC), Пан Гонгшенг ги поздрави мерките на квантитативното олабавување кое вчера го покрена ЕЦБ.

Според зборовите на гувернерот, мерките ќе помогнат на поттикнување на растот на еврозоната и за возврат ќе допринесат на кинескиот извоз.

„Новата рунда мерки на ЕЦБ ќе помогнат на покренување на растот на еврозоната и ќе ја зголеми надворешната побарувачка, од што корист ќе има кинескиот извоз. Тоа е нешто позитивно“, изјавил Гонгшенг пред новинарите во Пекинг, а пренесува агенцијата Франс прес.

Вицегувернерот, меѓутоа, изразил загриженост , бидејќи ваквиот потег на ЕЦБ, заедно со завршениот програм на квантитаивно олабавување во САД, може да ја турне вредноста на американскиот долари, што веројатно ќе изврши притисок и ќе влијае на депресијацијата на јуанот кон доларот.

ЕЦБ вчера најави програм на откуп на приватни и јавни обврзници во месечна вредност од 60 милијарди евра кој ќе започне во март, со цел во борбата против дефлацијата во еврозоната. Вредноста на целокупниот програм е вкупно 1000 милијарди евра во споредба со 50 милијарди евра колку што очекуваа аналитичарите.

Европската унија е најголем трговски партнер на Кина, а обемот на надворешно-трговската размена во минатата година, на годишно ниво, пораснал за 9,9 одсто на 615,1 милијарди евра, наведува Франс прес.

Слично

Поврзани вести