Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерки за обнувување на сточниот фонд по епидемијата од син јазик

Мерки за обнувување на сточниот фонд по епидемијата од син јазик
Сточарите кои претрпеа огромни загуби од големата епидемија што ја предизвика болеста син јазик ќе бидат обештетени од страна на Владата на тој начин што ќе бидат ослободени од обврската да платат пашарина за 2014 година и ќе им бидат исплатени субвенции за сите пријавени овци, но и за оние кои угинале. Ова денеска го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, за време на денешната работна посета во Штип. Министерот додаде и дека Владата ќе одвои и по четири илјади денаи за секое оставено женско јагне со цел да се обнови сточниот фонд. Стартот на исплатата сепак нема да започне до крајот на оваа година поради, како што истакна министерот, средување на обемната документација од списоци за утврдување на точниот број угинати овци, говеда и кози. Според последните податоци, од болеста син јазик угинале околу 18 илјади овци, 10 крави и 100 кози. Повластиците, како што беше речено, ќе важат и за говедата и козите. „Целта со сетот на мерки за анулирање на штетите од болеста син јазик е да се поврати сточниот фонд во земјава, а надлежните институции и понатаму ќе ја следат оваа болест, која во моментов поради ниските температури не се шири“, нагласи Цветков. Болеста син јазик, која се шири преку комарците, годинава за првпат се појави во Беровскиот крај, а подоцна се прошири во Кочанскиот, Штипскиот, Радовишкиот и Овчеполскиот регион.
Слично

Поврзани вести