Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ: Нема предвремен распуст за учениците, бремените и старите нема да одат на работа

МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ: Нема предвремен распуст за учениците, бремените и старите нема да одат на работа

После многубројни апели и протести на денешната вонредна седница Владата донесе препораки за загадувањето, но остана глува на барањата учениците предвреме да се распуштат за празниците поради енормното загадување во неколку градови во земјава.

Затоа пак бремените и старите лица нема да одат на работа.

Владата им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) во Градот Скопје и Општината Тетово (каде беше констатирано дека во десет последователни дена ПМ-10 честичките се над дозволените граници), да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4 јануари и од истите се бара да се интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.

Исто така од Владата препорачуваат граѓаните почесто  да го користат јавниот превоз а возилата да ги користат ако имаат поголема потреба.

Воедно се препорачува граѓаните а ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време и да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал.

На сите автосервиси ќе им се вршат контроли  и доколку се констатираат неправилности при работењето од нивна надлежност ќе се преземат соодветни мерки.

Слично

Поврзани вести