Meркел се одлучила за руски гас затоа што е поевтин од оној од Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ и САД
Екс германската канцеларка Ангела Меркел, објасни зошто преферирала руски гас.
Вели дека нивната економија избра достава на гас преку цевководи од Русија, затоа што беше економски поевтин од течниот гас од Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и од САД.
„Не верував дека може да се постигне промена преку трговија, но дека е можно да се воспостават врски, особено со нуклеарна сила“, додаде Меркел.
Таа даде интервју за уредничкото здружение РНД, кое беше објавено денеска.
Намалувањето на испораките на природен гас од Русија ја принуди Европа да ги користи резервите подготвени за претстојната зимска сезона, пишува Блумберг. Намалувањето на испораките ги погодило Франција, Италија, Австрија и Германија поради одлуката на „Газпром“ да ја прекине работата на гасните турбини на „Сименс“ поради проблеми со нивната поправка. Залихите во европските подземни складишта за гас паднале за прв пат од средината на април. Откако Русија ја почна војната во Украина, украинските власти бараат строги санкции, а воедно западните земји да се откажат од руските енергенси, со што Русија нема да има пари да ја финансира војната.
