Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел призна: Мртов е договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ

Меркел призна: Мртов е договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел на последната средба со Барак Обама посочи дека договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ најверојатно е мртво бидејќи во Белата куќа наскоро ќе има нов шеф кој се противи на ваквите меѓународни договори бидејќи наводно биле на штета на американската економија.

„ЕУ и САД се двата најголеми трговски региони и јас секогаш бев посветена на склучувае на договор со американската страна. Работевме добро, преговорите не може да прекинат сега, но ќе се држиме до тоа што веќе го постигнавме и се надевам дека еден ден ќе се навратиме на оваа тема“, посочи Меркел по средбата со Барак ОБама кој е на проштална турнеја во Европа.


Според можностите доколку се потпишеше Трансатлантското трговско и инвестиционо партнерство ќе се создадеше нејголемиот слободен трговски економски регион со 850 милиони жители, но секако доби спротииставување и од САД и од Европа.


Слично

Поврзани вести