Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел повика на построга контрола на македонско-грчката граница против бегалците

Меркел повика на построга контрола на македонско-грчката граница против бегалците

Германската канцеларка Ангела Меркел и словенечкиот премиер Миро Церар побараа построга контрола на надворешните граници на Европската унија / ЕУ / меѓу Грција и Турција за да се стави крај на нелегалната миграција.

Двајцата разговараа во Берлин. Церар претстави план за повеќекратна контрола на илегалните гранични места каде мигрантите минуваат по "Балкански пат". Планот предвидува зголемување на контролата на границата со Турција, но и таа меѓу Република Македонија и Грција.

Од кабинетот на словенечкиот премиер соопштија дека Миро Церар во наредните денови ќе им го предложи својот план и на останатите европски лидери.

Ангела Меркел изјави дека Германија нема да ги затвора границите, но ќе враќа сите луѓе кои не побарале азил и немаат редовни документи.

Двајцата се обединија околу ставот дека треба да се бара заедничко европско решение во решавањето на миграциската криза.

Миро Церар предупреди дека Словенија и другите земји од Западен Балкан можат да бидат изведени пред тешки проблеми, ако се зголеми миграциониот бран. Словенечкиот премиер предупреди на целосно запирање на приливот на бегалци оваа зима.

Во меѓувреме италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Джентилони изјави дека отсуството на ефикасни организациски мерки од страна на ЕУ и во земјите-членки може да доведе уште оваа пролет до сериозно влошување на миграциската криза.

Во интервју за францускиот весник "Фигаро" тој наведува дека "миграциските текови не се привремена и минлива појава. Тие ќе продолжат и оваа година, достигнувајќи ниво, кое би можело да се спореди со 2015 година".

Според него "не е можно овие текови да бидат управувани со правилата утврдени од ЕУ од пред неколку векови".

"Ако не бидат прифатени потребните организациски мерки, продолжувањето на масовно пристигнување на мигранти на територијата на ЕУ може да продолжи и оваа пролет. Како резултат на тоа ситуацијата може уште повеќе да се влоши ", смета првиот дипломат на Рим.

Слично

Поврзани вести