Меркел: Нов самит на ЕУ за буџетот во почетокот на 2013 година
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ЕУ ќе мора во почетокот на наредната година да одржи нов самит за својот долгорочен буџет, доколку европските лидери оваа седмица не постигнат договор за планот за потрошувачка за периодот меѓу 2014 и 2020 година.
Меркел за време на дебатата во германскиот Парламент за буџетот на земјата, рече дека не знае дали конечен договор ќе биде постигнат утре или ден подоцна.
- Ако биде потребно, ќе мораме повторно да се сретнеме во почетокот на наредната година, додаде Меркел.
Членките на ЕУ не можат да се согласат околу новиот долгорочен буџет, вреден околу илјада милијарди евра. Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј вчера најави дека ќе подготви нови предлози, кои ќе содржат „ревидирана верзија“ на контроверзните мерки за штедење за кои европските лидери утре и во петок ќе разговараат на дводневниот самит во Брисел.
Слично
