Меркел: Нема причина за очај поради Грција
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека нема причина за очај по повод Грција, иако решението на должничката криза едвај ќе биде најдено на состанокот на ЕУ.
„Ако погледнеме во она што сме го постигнале на патот кон Европската унија јас не гледам причина да се откажеме или обесхрабруваме“, изјавила канцеларката, во изјавата пред Бундестагот само неколку часа пред состанокот во Брисел.
„Сосема е јасно дека никој не очекува да се најде решение вечерва во Брисел или во понеделник наутро“, кога таа треба да се состане со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Според германскиот лидер сепак Грција ќе има „тежок пат во иднина“. Берлин повеќепати изјавувал дека земјата е непопустлива за тоа дека Атина мора да ги исполни сите свои обврски кон доверителите. Сепак Меркел изјавила дека со нетрпение очекува да се сретне со грчкиот премиер. „Ќе имаме време да зборуваме за детали“, изјавила Меркел.
