Меркел: Не се исклучува можноста на Грција да и се прости долгот
Ангела Меркел не ја исклучува можноста на Грција да и се прости долгот откако земјата ќе ги доведе во ред своите финансии. Германската канцеларка за Bild am Zontag вели дека прашањето за простување на долгот може да се разгледува од 2014.
- Кога Грција еднаш ќе ги доведе во ред своите приходи, без земање на нови кредити, тогаш одново ќе ја разгледаме ситуацијата и ќе донесеме проценка, изјави Меркел.
Германија претходно најавуваше дека нема да биде простување на долговите на Грција, оценувајќи дека земјата мора да ги спроведе мерките за штедење и структурни реформи како услов за добивање на заем.
Меѓутоа, ММФ и многу други економисти изјавија дека членките на еврозоната треба да отпишат дел од долгот ако Грција ги исполни бараните услови.
Слично
