Меркел не гледа потреба да се преговара за нова спасувачка програма за Грција
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека се уште нема основа за разговори за нова спасувачка програма за Грција.
„Сé уште нема основа за преговори“ за нова програма по линија на Европската стабилизација и механизам, изјавила таа по пристигнувањето на средбата на врвот на еврозоната во Брисел.
Меркел изјавила дека на средбата ќе се разговара за тоа како да продолжи во решавањето на грчката криза, но „ние нема да бидеме во можност да добиеме конечна слика. Иако морам да кажам дека тоа е веќе прашање не на недели, туку за неколку дена“.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил при пристигнувањето дека одлуката за останувањето на Грција во еврозоната треба да биде донесена до крајот на неделава.
„Целта е останувањето на Грција во еврозоната. За да се случи тоа, Грција треба да претстави сериозни и доверливи предлози. Ќе треба да се брза, бидејќи одлуките мора да бидат донесени оваа недела“.
Претходно беше соопштено дека пред самитот ќе се одржи мини средба на Меркел, Оланд, Ципрас и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
Во меѓувреме грчки владини извори изјавија дека Атина направила подобрувања на предлозите кон кредиторите минатата недела и тие се на преговарачка маса.
