Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Мора да сме внимателни, кризата во еврозоната се уште трае!

Меркел: Мора да сме внимателни, кризата во еврозоната се уште трае!
Кризата во еврозоната се уште не завршила, предупреди германскиот канцелар Ангела Меркел за време на своето учество на дводневниот конгрес во Хановер пред поддржувачите на Демохристијанската партија (ЦДУ). Според Меркел, претстојат уште проблеми и покрај постигнатиот напредок преку програмите за спас на финансиско загрозените земји, како и примена на економски мерки и реформи.

„Ако сакам да си ги олеснам работите би кажала дека најлошото помина. Јас потенцирам дека треба да бидеме внимателни“, истакна Меркел.

 
Слично

Поврзани вести