Меркел: Мерките на ЕЦБ недоволни!
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека мерките на ЕЦБ за поттикнување на европската економија сами по себе нема да бидат доволни.
Според нејзините зборови, неопходно е членките на ЕУ да ги продолжат реформите за подобрување на конкурентноста.
ЕЦБ денеска најави дека од март 2015 до септември 2016 ќе купува државни и приватни обврзници за 60 милијарди евра месечно како би се поттикнала економијата на еврозоната.
Што и да направи ЕЦБ , тоа нема да биде доволно, рекла Меркел и предупредила дека таа одлука би можела да „скршне од патото“ на неопходните реформи.
Таа рекла дека некои земји како Португалија и Ирска, спроведуваат реформи за да добијат помош, додека други како што се Италија и Франција сега тоа го прават.
Германската канцеларка рекла дека ЕЦБ е „целосно независна“ од политичарите.
Агенцијата Асошиејтед прес наведува дека се сметало дека германските претставници во управните тела на ЕЦБ биле против пакетот мерки кои денеска ги објави претседателот на ЕЦБ Марио Драги.
