Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКЕЛ И ПУТИН: Времето на игрите помина!

МЕРКЕЛ И ПУТИН: Времето на игрите помина!
Кога германскиот канцелар Ангела Меркел го посетува во 2007 година рускиот претседател Владимир Путин во летниот резиденција во Сочи, тој намерно го пушта својот Лабрадор да трча околу канцеларот. Тоа е чиста демонстрација на сила: Меркел не сака кучиња, откако била касната од куче како дете. Меркел го возвраќа ударот, но индиректно. Според различни приказни таа сака во тесен круг да се шегува со "мачо" Путин, кој претпочита да се снима со тигри и без кошула. Јавно таа не пропушта можност да напомене дека во однос на заштитата на човековите права во Русија на Путин има уште што да се извојува. И покрај се сепак Меркел и Путин се почитуваат - не како пријатели, туку како лидери, макар и да штитат противнички логори. Тоа време веќе помина, пишува во својата анализа германскиот економски канал N-Tv. На самитот на Г20 во Бризбејн, Австралија, Меркел одржа говор во кој таа навистина не го спомена со неговото име рускиот претседател. Но и кротиката кон него беше уште поостра. Постојат сили во Европа "кои одбиваат меѓусебно почитување и решавање на конфликти со демократски и уставни средства кои вложуваат на очигледното право на посилниот и ја игнорираат силата на законот". И уште: "Старото размислување за сфери на влијание, со што се занемарува меѓународното право, не смее да надвладее. Убедена сум исто така, дека нема да се наметне, без разлика колку е тежок и долг патот и колку неуспеси носи со себе ". Додека Меркел го држеше својот говор во Австралија, германската државна телевизија ARD емитуваше во неделата вечер (во ударно време) во шоуто на Гинтер Јух едно интервју во кое Путин уште еднаш ја демонстрира перцепцијата за реалноста. Во него претседателот потсети колку прекрасни биле односите меѓу Русија и Германија во изминатите десет до петнаесет години. "Јас не знам дали ваквите односи постоеле порано. Мислам дека не ". Тоа сеуште е "многу добра основа" за односите меѓу Русија и Европа, дури и за "хармонизација на глобалните односи". Всушност сепак Путин во моментов не е поставен за "хармонизација" со Западот. Своите "европски партнери" Путин сега ги смета за противници. Неговиот проект на "евроазиска унија" не е наменета да служи за дополнување. Путин пропаѓира руско-европски односи на нивото на моќната политика. Станува збор "за политички опстанок" и за иднината на политичката ситуација во Русија, пишува главниот уредник на руското списание Russia in Global Affairs Фјодор Лукинов. Оттука сосема логично е прашањето "Зошто треба да се очекува тој да прави отстапки - особено имајќи предвид дека никогаш нема да може да ги поправи односите со Западот". Лукинов смета дека Русија е на патот на една квази-советска геополитичка експанзија. Забавни игри со кучиња и имитација на мачовски постапки сепак веќе нема да ги бележат односите меѓу Меркел и Путин. На самитот на Г20 во Бризбејн канцеларката се сретна со Путин на неколку часа и во четири очи. "Разговорите се доверливи", рече подоцна само Меркел. "Ние имаме многу заеднички теми и разговаравме многу заедничко за целиот конфликт". Од средбата нема дури и слики. Меркел и Путин овој пат очигледно не се држат до одредбите, како на пример сликата, при која Меркел го гледа Путин во неговите очи при прославата на D-Day во Нормандија. "Можеби" разговорите во Бризбејн биле корисни, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. Дали овој оптимизам веќе не е хроничен? К.К.
Слично

Поврзани вести