Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел и Макрон на 29 април во Берлин го канат Заев и другите балкански лидери

Меркел и Макрон на 29 април во Берлин го канат Заев и другите балкански лидери

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон упатиле покана до балканските лидери за средба на 29 април во Берлин, дознава српски „Блиц“.

На истата ќе присуствуваат претседателите и премиерите на Србија и Косово - Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ, Хашим Тачи и Рамуш Харадинак на "неформална размена на идеи", се вели во текстот, додавајќи дека, листата на учесниците е долга и не се однесува само на Белград и Приштина, туку на лидери од целиот регион, како и челници на европската администрација.

Според листата, до која „Блиц“ има пристап, на состанокот се поканети хрватскиот и македонскиот премиер Андреј Пленковиќ и Зоран Заев, како и албанскиот премиер Еди Рама, проследена од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседател на Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, и словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Покани се пристигнати и на адреса на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и шефот на европската дипломатија Федерика Могерини.


Слично

Поврзани вести