Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Грција не треба да остане без пари

Меркел: Грција не треба да остане без пари

Треба да се направи се што е можно за да Грција не остане без пари, пред да постигне договор со меѓународните кредитори, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел ја дала оваа изјава по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа.

Двајцата се согласиле да не откриваат детали за содржината на разговорот, но нивниот состанок според зборовите на Меркел бил „конструктивен“.

Запрашана колку голем е ризикот Грција да остане без пари, пред да биде постигнат договор меѓу Атина и нејзините кредитори, Меркел одговорила на прашањето: „Треба да биде направено сè за да се спречи тоа“.

Денес во Рига европските министри за финансии ќе учествуваат на состанокот, на кој тема на разговорите ќе биде за преговорите со Грција.

Слично

Поврзани вести