Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел го поздрави грчкиот предлог на реформи, ама …

Меркел го поздрави грчкиот предлог на реформи, ама …

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави денес предлогот со реформи на грчката влада доставен во замена за четиримесечното продолжување на финансискиот програм на Атина, нарекувајќи го добра „пролазна точка“ но порачала дека преостанува „уште многу работа“.

„Ова е добра вест, со оглед на она што беше кажано пред неколку недели“, изјавила Меркел, но додала дека преостанува и „уште многу работа“ во преговорите помеѓу Атина и меѓународните кредитори.

„Овде се работи за Грција како и за цела еврозона. Од тие причини, го поздравувам изнаоѓањето на појдовната точка за преговори со новата влада во Атина. Во последните неколку дена се покажа дека сме во состојба да пронајдеме компромис“, изјавила Меркел на заедничката конференција во Берлин со шведскиот премиер Стефан Луфен.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повикала повторно својата конзервативна партија на заседанието на долниот дом на парламентот (Бундестаг) во петок да го поддржи предлогот за продолжување на финансиската програма за помош на Грција.

Еврогрупата, Европската централна банка и ММФ вчера на телефонската седница дале „зелено светло“ за планот на реформи на грчката влада, со што ќе се овозможи продолжување на финансиската помош за Атина за уште четири месеци. Предлогот на грчката влада сега оди пред националните парламенти на земјите членки.

Слично

Поврзани вести