Меркел го одби Самрас за нова помош
Kуса средба на маргините на самитот на лидерите на Европската унијаимале вчера во Брисел, грчкиот премиер Андонис Самарас и германската канцеларка Ангела Меркел на која Германката одбила да разговара за одредени теми.
Според весникот „Катимерини“ средбата меѓу Меркел и Самарас траела помалку од 15 минути и оти германската канцеларка рекла дека таа не е во позиција да коментира било што за тоа дали Грција следната година ќе мора да усвои нови мерки на штедење.
- Не-грчки извори велат дека Меркел го информирала Самарас оти за ова прашање тој ќе мора да разговара со тројката кредитори на Грција, наместо со неа, пишува весникот.
Расположението на средбата Меркел - Самарас било сосема поинакво од разговорите на канцеларката со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес. Упатени извори тврдат дека Меркел му честитала на Анастасијадес за спроведување на програмата за прилагодување на Кипар и сугерирала дека Никозија би можела да добие „дополнителна помош“, пишува весникот.
