Меркел е оптимист дека името ќе се реши
Спорот околу името меѓу Македонија и Грција е товар за сите, но оптимист сум дека за него може да се најде решение, оцени германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник, каде што учествува на состанокот на лидерите од процесот „Брдо-Бриони“.
На состанокот, на кој присуствува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, Меркел е почесна гостинка. Иако, вели дека е оптимист за решавање на спорот, таа сепак нагласува дека многупати и сама размислувала за сите можни комбинации, но дека не постои ништо ново што може да се измисли.
„Во Германија велиме „компромис е кога сите вклучени се еднакво незадоволни“. Кај компромис не може да очекувате дека се ќе заврши со среќен крај за сите. Но, кога сите се еднакво незадоволни, тоа е фер компромис. Мора на некој начин да се постигне Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија“, вели Меркел.
Слично
