Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Нема “драма“ ако не се договориме денеска за буџетот

Меркел: Нема “драма“ ако не се договориме денеска за буџетот
Носењето на новиот европски буџет ја раздрма Европската унија. Лидерите на 27-те земји членки се далеку од договор, потврди денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Пред продолжувањето на состанокoт за Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) и идниот седумгодишен буџет на Унијата, Меркел порача дека нема драма ако лидерите не постигнат договор. „Имавме можност синоќа да го разгледаме предлогот на претседателот нa Советот, Херман ван Ромпуј и јас не верувам дека сме блиску до изнаоѓање на договор во оваа фаза. Повторувам дека нема да биде драматично ако не се договориме при нашиот прв чекор денеска. Во ставовите сме далеку едни од други и ако ни треба втор чекор тогаш ќе ни биде потребно време“, изјави Меркел пред состанокoт на Специјалниот самит на Европскиот совет.
Слично

Поврзани вести