Меркел: Да се работи напорно за да се задржат социјалните бенефиции
Европејците треба да работат многу напорно, ако сакаат да ги задржат своите социјални бенефиции и да продолжат да се конкурентни на меѓународно ниво, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
- Штом Европа денес претставува само 7% од населението во светот, 25% од светскиот Бруто домашен производ и го обезбедува финансирањето на 50% од социјалните трошоци во светот, очигледно е дека Европејците треба да работат многу напорно за да го задржат својот просперитет и начин на живот. Многу Европејци мислат дека само Европа и САД се единствените места за светот и дека Европа по традиција е силна, истакна таа во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.
Слично
