Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Белград и Приштина треба да се разберат, ако сакаат во ЕУ

Меркел: Белград и Приштина треба да се разберат, ако сакаат во ЕУ
Германија била заинтересирана за преговорите меѓу Србија и Косово да завршат со „фер договор“. Белград и Приштина треба да ги решат долгогодишните спорови за правата на српското малцинство во Косово, ако сакаат понатамошно приближување кон Европската унија. Тоа го изјавила германската канцеларка Ангела Меркел по спроведениот состанок со косовскиот премиер Иса Мустафа во Берлин денес. „Само под услов да биде постигнат напредок по ова прашање, ќе биде одбележан и напредок во приближувањето со Европската унија“, изјавила Меркел, и појаснила дека Германија е заинтересирана преговорите меѓу Србија и Косово да завршат со „фер договор“.
Слично

Поврзани вести