Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРИ ЈОРДАНОВСКА: Власта ги смета новинарите за државни непријатели!

МЕРИ ЈОРДАНОВСКА: Власта ги смета новинарите за државни непријатели!
Владата новинарите кои критички ја опсервираат нивната  работа  ги смета за  државни непријатели, смета Мери Јордановска. Новинарката на истражувачката мрежа БИРН не е изненадена што била  прислушувана, бидејќи како што вели отсекогаш   критички ја опсервирала  работата на секоја  гарнитура која раководела со државата. „Разговорите кои јас ги добив  се автентични, навистина ги имам водено. Тоа ми е доволен доказ дека дури и да прислушувале странски служби како што вели премиерот, а јас не му верувам, имаме институција која била должна да не заштити, посочува Јорадновска која  беше дел од А1 телевизија токму во периодот кога  и била следена . Дека се нарачувале прилози, новинарски прашања и дека во медиумите се пласираат однапред напишани текстови од партиски штабови, одамна се знае. Мене тоа не ме изненадува, само ме плаши и ме натажува“  вели  Јордановска. Според неа,  никој не може да се вади на тоа „ама што да правам, морам да живеам од нешто“.  Едноставно, ако не проработи совеста, ќе ни пропадне фелата, порачува  новинарката на БИРН.  Разговараше Горазд Чомовски Фактор: СДСМ обелодени дека околу 100 новинари во последиве неколку години биле прислушкувани. Што мислите што била целта на нарачателот? Јордановска: Тоа е таа тенденција буквално секој сегмент од општеството да се има на дланка. Тука ја вклучувам и тенденцијата однапред да се знае што се подготвува како сторија и кои се нашите извори на информации пред воопшто сторијата да излезе во јавност, за да може да се влијае на истата со сите можни средства со кои располага власта. А власта, да не се лажеме, располага буквално се секое можно средство за да изврши притисок, без разлика дали станува збор за медиумите или пак за оние што собрале храброст да дадат одредена информација. Фактор: Ве изненади  што се најдовте на  листата на прислушкувани новинари  и зошто токму вие сте биле мета  на ова незаконско дејствие? Јордановска: Искрено, не бев изненадена што се најдов на таа листа бидејќи отсекогаш сум била новинар кој  е критички настроен кон работата на властите, без разлика која партиска гарнитура во моментов е на власт. За оваа власт, тие новинари се државни непријатели, бидејќи тие не прават разлика меѓу држава и партија. Но, колку и да сум знаела или претпоставувала дека сум прислушувана, морам да признаам дека грозно е чувството да знаеш дека не само ти, туку и животите на сите оние со кои си разговарал, биле ставени на тацна пред одредени структури. Фактор: Се нарачувале прилози, се одбирале новинари  за тоа кои настани  да бидат медиумски  покриени  и како да се пласира информацијата . ве изнанади ваквиот начлин на практуикување на власт, ако се има во прдвид дека постојано во јавноста се говорешен дека инфомациите во јавноста се обрабиотуваат во еден ист центар? Јордановска: Дека се нарачувале прилози, новинарски прашања и дека во медиумите се пласираат однапред напишани текстови од партиски штабови, одамна се знае. Мене тоа не ме изненадува, само ме плаши и ме натажува. Особено поради оние колеги кои себеси  се нарекуваат новинари,  а совеста за она што значи да си новинар ја закопале длабоко под хартиите со однапред напишани текстови од владејачката структура. Никој не може да се вади на тоа „ама што да правам, морам да живеам од нешто“.  Едноставно, ако не проработи совеста, ќе ни пропадне фелата.  Фактор: Дали по вчерашното обелоденување на иформациите, новинарите ќе се охрабрат да проговорат за притисокот кој се вршел врз нив или  оваа дополнително ќе влее страв меѓу  фелата ? Јордановска: Јас после ова не чувствувам страв. Се што чувствувам во моментов  е гадење... Колку ли само може да биде трул еден систем за да се дозволи да се случува вакво нешто со години, без никој да реагира. На крајот на краиштата, не ме интересира дали биле странски или домашни служби. Разговорите кои јас ги добив  се автентични, навистина ги имам водено. Тоа ми е доволен доказ дека дури и да прислушувале странски служби како што вели премиерот, а јас не му верувам, имаме институција која била должна да не заштити.
Слично

Поврзани вести