СО „МЕРЦЕДЕС“ ВЛЕТАЛ ВО ГРАДИНА НА КАФУЛЕ, повредени две жени, завршил во дрво
Во сообраќајна несреќа во Нови Сад, соседна Србија ноќеска околу 1 часот и 20 минути, две жени се повредени кога непознат возач со автомобилот влетал во градината на едно кафуле.
Како што изјави за „Новости“ д-р Николина Мариќ од Институтот за итна медицинска помош, повредени се две жени на возраст од 28 и 36 години. И двете во свесна состојба сте транспортирани до Одделот за хирургија на КЦВ.
Несреќата се случила на аголот од улиците Боре Продановиќ и Ќирпанова, кога од засега неутврдени причини возачот кој се движел по улицата Боре Продановиќ иако не е дозволено сепак продолжил да вози право и влетал дирекно во кафулето. Како што пренесуваат српските медиуми, тој завршил во дрво, по што побегнал од местото на несреќата и по него се трага.
Како што дознаваме, тој ќе одговара за кривична пријава за загрозување на безбедноста на јавниот сообраќај, јавува „Новости.рс“.
