МЕРЦЕДЕС ЌЕ НАБАВУВА 10.000 ТОНИ ЛИТИУМ ГОДИШНО: Договорот веќе го потпиша
Автомобилскиот
гигант Mercedes-Benz потпиша договор со канадско-германската компанија Rock
Tech Lithium, според кој ќе добива во просек по 10.000 тони литиум хидроксид
годишно за батерии, објави денеска германскиот производител на автомобили.
-Договорот на производителот на луксузни автомобили му дозволува да ги снабдува со суровини своите партнери кои произведуваат батерии за електрични автомобили, почнувајќи од 2026 година, со цел брзо да го зголеми производството на целосно електрични возила, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Reuters.
ФОТО: EPA/RONALD WITTEK
Слично
