МЕРЦЕДЕС ЦЕЛОСНО ГО НАПУШТА РУСКИОТ ПАЗАР: Продажбата во септември била намалена за скоро 73 отсто
Министерството за индустрија и трговија на Русија соопшти дека германската компанија Мерцедес-Бенц го префрлила целиот свој имот во Русија на руската компанија Автодом.
Во соопштението на Министерството беше наведено дека е потпишан договор со Мерцедес-Бенц за пренос на сите средства на компанијата во Русија на Автодом. Мерцедес го прекина производството во Русија во март.
Производителот на автомобили го процени својот имот во Руската Федерација на две милијарди евра. Испораките на автомобили кои се продаваат над 50.000 евра од ЕУ и сите автомобили од САД во Русија се забранети со санкции во март 2022 година. Мерцедес стана третиот производител во индустријата за патнички автомобили што го напушти рускиот пазар. Пред тоа, Renault и Nissan ги продадоа своите средства и го напуштија
Според податоците на Европската бизнис асоцијација (АЕБ) со седиште во Русија, продажбата на автомобили „мерцедес“ во таа земја во септември е намалена за 72,8 отсто во однос на истиот период лани.
ФОТО: EPA