Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерцедес и Бош влегуваат во Србија

Мерцедес и Бош влегуваат во Србија
Првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ најави дека во Србија наскоро ќе влезат голем број странски компании, вклучувајќи го германски Мерцедес и една јапонска компанија. „Сакаме Србија да биде многу посилна економски отколку што е сега. Разговорите со Мерцедес се во завршна фаза, и ние очекуваме да влезе во FAP во Прибој", истакна Вучиќ. Според него во ноември ќе се отвори фабриката на Бош и ќе вработи околу 600 работници,а за прв пат по 13 години во Србија влегуваат и јапонските компании. „Очекуваме една јапонска компанија од автомобилската индустрија да отвори 1000 работни места", рече заменик претседателот кој посочи дека секој ден да разговараат со новиот министер за финансии Лазар Крстиќ и се прават сериозни долгорочни планови за економско заздравување. Вучиќ рече дека ќе инсистира сите да ги плаќаат даноците и да нема исклучоци. „Србија тоа не може да си го дозволи, јас тоа нема да го дозволам, секој мора да плати данок“, рече Вучиќ. Според последниот извештај на Конференцијата за развој на Обединетите нации на која на прво место во регионот според странски инвестиции е Хрватска каде лани се вложени 1,25 милијарди долари,Србија која до скоро и беше најак конкурент на Хрватска падна на листата со само 352 милиона долара директни странски инвестиции. На истата листа Македонија се најде последна на Балканот, со само 135 милиони долари странските директни инвестиции.
Слично

Поврзани вести