„Mercator“ очекува позитивни остварувања со влезот на Хрватска во ЕУ
Директорот на трговскиот ланец „Mercator“ Тони Балажиќ изјавил дека очекува позитивни резултати од влегувањето на Хрватска во ЕУ во однос на работата на фирмата.
-Хрватска е наш природен, долгорочен и интересен пазар. Со влезот на земјата во ЕУ ќе постигнеме многу повеќе во областа на адмионистративното работење и набавката, а подобри резултати очекуваме во текот на оваа година, изјавил Балажиќ во разговор за љубљански „Delo“.
Сегашната позиција на „Merkator“ на хрватскиот пазар според директорот е навистина захтевна, поради силната страна на конуренцијата.
Според неговите зборови „Mercator“ со стратегија за реконструирање до 2016-та година планира да осигура нето заштеда од 80 милиони евра, а продуктивноста да ја подигне за три посто.
Слично
