Мерц: Војната со Иран би можела да ја погоди Европа посилно од пандемијата на ковид
Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на брз крај на американско-израелската воена кампања против Иран, предупредувајќи дека ескалацијата во поширок регионален конфликт би претставувала голем товар за европската економија.
Мерц тврди дека развојот на конфликтот во регионална војна би имал сериозни економски последици, пишува Анадолија.
„Доколку оваа војна ескалира во голем регионален конфликт, таа би можела да ги оптовари Германија и Европа уште повеќе отколку што неодамна доживеавме за време на пандемијата на ковид-19 или на почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година“, рече Мерц на заедничката прес-конференција во Берлин со сирискиот претседател Ахмед ал-Шар.
Мерц рече дека разговарал со сирискиот претседател за најновите настани на Блискиот Исток и опасностите од продолжен или поширок конфликт.Израел и САД го нападнаа Иран на 28 февруари годинава.
foto Facebook/Friedrich Merz
