Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерц до Вучиќ: Не е можно да се води политика на колебање меѓу Русија, Кина и Европа

Мерц до Вучиќ: Не е можно да се води политика на колебање меѓу Русија, Кина и Европа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека Белград мора јасно да одлучи каде ја гледа својата иднина.

„Не е можно да се води политика на колебање меѓу Русија, Кина и Европа. Патот на Србија кон Европската Унија е отворен, но таа мора да одлучи на чија страна ќе биде“, изјави Мерц пред новинарите во Тиват.

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на состаноците со повеќе земји повторно го отвориле прашањето за воведување санкции кон Русија поради војната во Украина.

„Тоа го бараа од нас“, изјави Вучиќ, оценувајќи ги разговорите како позитивни.

Тој  ја поздрави француско-германската иницијатива за забрзување на процесот на проширување на Европската Унија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нагласи дека Србија има јасно дефинирани услови за отворање нови преговарачки поглавја. Меѓу нив се реформите во владеењето на правото, слободата на медиумите, изборното законодавство и усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави дека српските власти се обврзале на конкретна временска рамка за спроведување на реформите, по што Европската комисија ќе изготви проценка, а земјите членки ќе одлучат дали ќе се отвори нов круг од преговорите.

foto Facebook/Friedrich Merz

Слично

Поврзани вести