МЕПСО: СДСМ се користи со класично и флагрантно злоупотребување на тези и превртување на аргументи
Раководниот тим на МЕПСО во целост ги отфрла како невистинити и шпекулативни сите наводи изнесени на прес конференцијата на СДСМ, одржана денеска. МЕПСО со години наназад безрезервно и со целиот професионален капацитет на работниот колектив работи на унапредување на работните процеси, инвестира во преносната мрежа во зголемување на капацитетите, на нивото на доверливост се со единствена цена доверлива работа на електропреносниот систем и стабилно и доверливо снабдување со електрична енергија на сите точки на примопредавање на преносната и на дистрибутивната електроенергетска мрежа.
Класично и флагрантно злоупотребување на тези и превртување на аргументи е кога за прекини во снабдување со електрична енергија на дистрибутивната мрежа ќе се обвинува македонскиот електропреносен систем оператор кој управува со електроенергетскиот систем и преносната мрежа и нема никакви надлежности и не управува со дистрибутивната мрежа на која се приклучени селата кои останале без напојување во претходниот временски период. Особено е дегутантно кога вакви невистинити податоци изнесува поранешен генерален директор на македонскиот електропреносен систем оператор.
Без да објаснуваме во детали само уште еднаш ќе повториме дека во изминативе десет години МЕПСО инвестираше над 66 милиони евра во својата инфрастуктура, а од нив 50 милиони евра се инвестиции во нови далекуводи, нова трансформаторска станица и во ревитализација и во реконструкции на постројки на преносната мрежа. Ова е одговор на обвинувањето каде се трошеле парите од преносната тарифа што МЕПСО ја наплаќа, а која во сметките на граѓаните учествува со помалку од 8 отсто од износот на целата месечна сметка.
На изнесените небулози дека не се одржува и вложува во мрежата во југозападниот дел од земјата може само да изнесеме податок дека во 2013 година, имајќи го како приоритет, извршивме комбинирана реконструкција и ревитализација на над 70 километри 110 киловолтни далекуводи во југозадапниот дел на земјава на потегот Битола – Ресен - Охрид – Струга – Глобочица. Доказ за квалитетот на извршените работи и оправданост за стратегијата е тоа што во енормнно лоши временски услови со обилен снег МЕПСО имаше само два испади на преносната мрежа и тоа на 28 декември од 18:40 часот до полноќ и на 29 декември од 7:30 до 10 часот. Вкупно без напојување регионот на градовите Струга, Охрид и Дебар беше 10 часа од кои 6 часа и 30 минути на 28 декември и 2 часа и 30 минути на 29 декември. Очигледно дека одговорите за безнапонските состојби треба да се бараат на друга страна не кај МЕПСО.
Што се однесува до финансиските средства кои ги дониравме во збогатување на понудата на македонски зимски центри можеме да истакнеме дека како државна компанија со гордост дониравме средства во цели од јавен интерес. И понатаму , во рамки на нашите можности, ќе го правиме тоа.
Слично
