Економија, финансии, бизнис

Контакт

MЕПСО го кани пратеникот Милевски да ги најде фотелјите од бизонска кожа

MЕПСО го кани пратеникот Милевски да ги најде фотелјите од бизонска кожа

Пратеникот Горан Милевски, денеска го злоупотреби моментот за презентација на Извештајот на ЕЕЗ  и тенденциозно и крајно некоректно пласира дезинформација дека МЕПСО купува фотељи од кожа од бизон, соопштуваат од оваа институција.

Од МЕПСО упатуваат покана до пратеникот пратеникот, да појде во МЕПСО, да ги најде и да седне во тие фотељи

„Во таа прилика ќе му биде објаснето дека МЕПСО во својот дел од реформите во електроенергетскиот систем целосно со поддршка од ресорниот владин кабинет и од акционерот Министерството за транспорт и врски ги спровел сите задачи од реформскиот пакет и дека активно, во својот сегмент на работење, се подготвува за имплементација на пазарот за балансна енергија“, се додава во соопштението до медиумите .

Слично

Поврзани вести