МЕПСО ја заврши изградбата на новиот далекувод
Заврши изградбата на новиот 400 кв киловатен далековод и во моментов течат финалните активности за поврзување. Далеководот е изграден од МЕПСО и истиот се протега од Штип до македонска-српска граница.
До крајот на овој месец се очекува далекуводот да биде ставен под напон со што ќе се поврзат електропреносните системи на Македонија и на Србија.
На територија на Република Македонија се изградени 168 далекуводни столбови од 400/110 kV трансформаторска станица Штип до македонско-српската граница. Тоа е далекувод во должина од 70 километри кој се протега од штипската трафостаница до оваа точка на меѓународната граница
Со ставањето во функција на далекуводот значајно ќе се зголеми капацитетот за пренос на електрична енергија на домашниот систем.
