Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕПСО го стави под напон новиот 110 kV далекувод што ги поврзува Скопје и Тетово

МЕПСО го стави под напон новиот 110 kV далекувод што ги поврзува Скопје и Тетово

МЕПСО го изгради и денеска го стави под напон, во пробна работа, новиот 110 kV (киловолтен)далекувод што ги поврзува трансформаторските станици: „Скопје 1“ - „Југохром“ - „Теарце“ – „Тетово1“.

Oвој проект стратешки и системски е од круцијално значење за националната преносна мрежа затоа што овозможува стабилно и доверливо снабдување со електрична енергија на тетовскиот и наскопскиот регион, две најголеми конзумни подрачја во електроенергетскиот систем на РепубликаМакедонија.

??????????-Новиот далекувод е изграден со цел да се одговори на растечките потреби за потрошувачка наелектрична енергија на полошкиот регион и да се обезбеди стабилно и доверливо снабдување насите потрошувачи со квалитетна електрична енергија за среднорочен период во идните дваесетинагодини, истакна м-р Синиша Спасов, генерален директор на МЕПСО. 

Оваа инвестиција на МЕПСО надминува 3,5 милиони евра. Проектот е финансиран од сопственисредства на МЕПСО и со кредитна линија  од Светска банка. Новиот далекувод ќе го заменипостоечкиот што беше во функција подолго од 60 години кој беше поставен на армирани-бетонскистолбови. Сега сите армирано-бетонски столбови се заменети со нови челично-решеткасти столбови.Дел од столбовите се на постоечката траса на која и досега постоеше 110 kV далекувод, а дел сеизградени на нова траса. Далекуводот има вкупно 187 столбни места, а ново изградени се 158челично-решеткасти столбови.  Вкупната должина на далекуводот што ги поврзуватрансформаторските станици „Скопје 1“, „Југохром“, „Теарце“ и „Тетово 1“ е 48 километри. Изградбата на далекуводот траеше 1 година.

Овој проект опфати  поставување на нови далекуводни столбови, нови спроводници за пренос наелектрична енергија, изолатори, овесна и спојна опрема. Воедно,  во рамки на овој проект извршенисе прилагодувања во сите трансформаторски станици што ги поврзува овој линиски енергетски објектпри што е поставена потребна современапримарна и секундарна високонапонска опрема. Најзначнипромени и модернизација беше извршена во трансформаторската станица „Југохром“ каде што , ворамки на овој проект, во целост е модернизиран собирничкиот систем на 110 kV напонско ниво.

Апелираме, месното население кое гравитира околу трасата на далекуводот строго да се придржува до поставената сигнализацијата за предупредување од опасност поставена на далекуводните столбови. Со цел зачувување на  безбедноста при изведување на какви било земјоделски работи или градежни активности во близина на далекуводот. Далекуводот поминува низтериториите на општините: Бутел, Чучер – Сандево, Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Јегуновцеи Тетово.

Слично

Поврзани вести