МЕПСО: Договорот за набавка на дронови не е склучен во четири очи
АД МЕПСО денеска демантираше дека е склучен договор во четири очи без претходна објава на оглас со фирмата „Флај Кем Дооел“ за набавка на дронови, туку дека тоа е направено преку редовна јавна постапка преку аукција. Претходно порталот „Лидер“ во објави дека Горан Георгиевски, како сопственик на фирмата и невенчан сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, го склучил договорот без тендер.на 10.април 2018-та со вкупна вредност од 779.980 денари.
„Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста известуваме дека договорот за набавка на стоки „Специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонредни прегледи на далекуводи“ е склучен откако во целост е спроведена соодветна транспарентна постапка за јавна набавка согласно со Законот за јавни набавки. Имено, договорот со правното лице „Флај Кем ДООЕЛ“ е склучен откако е објавен тендер на кој на е-аукција компанијата дала најповолна цена за набавка на 4 дронови и за обука на лица од МЕПСО за управување со тие уреди. Дополнително аргумент во полза на тоа дека е добиена поволна понуда е тоа што планираната вредност на набавката била 922.500 денари, а набавката е реализирана за вредност од 779.980 денари со вклучен ДДВ. Сите овие податоци се достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-evidences/0e1d1b9c-ccbc-4961-998b-89536d3dc5cfјавно достапен на е-системот на Бирото за јавни набавки. Со ова ги отфрламе како неточни, тенденциозни и злонамерни наводите во текстот дека бил склучен деговор во четири очи со што се алудира дека одредено правно лице било фаворизирано“, демантираат од МЕПСО.
Oд таму тврдат дека набавката на 4 дрона произлегува од потребите на МЕПСО односно на далекуводните екипи за поефикасно откривање на можни дефекти на преносната мрежа. Овие уреди овозможувале за многу пократко време да се направи увид на далекуводна траса и да се детектира точна локација на евентуален дефект.
„Тоа ја прави работата на далекуводните екипи многу поефикасна затоа што за значајно пократко време утврдуваат локација на дефект и превземаат мерки за негово отстранување на која и да е точка од преносната мрежа на МЕПСО со вкупна должина од 2.100 километри. Ова во значајна мерка ја зголемува ефикасноста во работењето на МЕПСО и на подобрува продуктивноста на електромонтерите во далекуводните екипи се со цел стабилно и навремено снабдување со квалитетна електрична енергија на сите потрошувачи на преносната мрежа“, велат од таму.
Инаку и ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека невенчаниот сооруг на Царовска повеќе пати досега добил милионски тендери.
„Според информациите Царовска е во вонбрачна заедница со Георгиев, со кого има и дете, заедница која според македонските закони е рамна на брачната заедница кога се работи за имот и други права стекнати ззаеднички. Невенчаниот сопруг на Царовска, Георгиев, е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ. Како што објавија медиумите фирмата на неформалниот сопруг на Царовска добила 1.5 милиони денари на име набавка на дронови“, рече Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.
