Менаџерски промени во Триглав осигурување Живот - Вилма Учета Дузлевска нов Генерален Директор
„Менаџерски промени во Триглав осигурување Живот АД Скопје - Вилма Учета Дузлевска нов Генерален Директор”
Компанијата Триглав Осигурување Живот овие денови доби нов Генерален Директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета Дузлевска ја превзема челната позиција во Компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето.
Учета Дузлевска е добитник на овогодинешната награда Business Elite’s „40 under 40“ како една од најуспешните млади бизнис - лидери во Југоисточна Европа.
Компанијата Триглав осигурување Живот АД Скопје како дел од групацијата Триглав, која е воедно најголемата осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, на македонскиот осигурителен пазар постои од 2017 година.
Слично
