Менаџерите и раководните лица во „Гранит“ ќе поделат меѓу себе награда од вкупно 455 илјади евра во бруто износ
Менаџерите и раководителите на градежната компанија „Гранит“ ќе поделат меѓу себе награда од 455.000 евра во бруто износ.
Ова информација ја соопшти компанијата преку Македонската берза.
Станува збор за пари од нето добивката остварена во минатата година.
Додека, пак, од остварениот профит компанијата ќе реинвестира 605.000 евра
„Нето добивката по Годишна сметка за 2020 година на ГД Гранит АД Скопје во износ од 65.215.607 денари, се распределува.
Прво, за награда на менаџерскиот тим и раководен кадар, во бруто износ од 28.000.000 денари и второ, добивка за реинвестирање во износ од 37.215.607 денари.
Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето“, се вели во соопштението од компанијата испратено до берзата.
Н.Н.Ф.
Слично
