Менаџери: работата не ни ја бива!
Менаџерите во септември годинава, економската состојба во државата ја оцениле како понеповолна во однос на претходниот месец и септември минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во септември годинава е понеповолен во однос на претходниот месец. Неповолни се и очекувањата за обемот на производството во следните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработените.
Во септември оваа година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Намалени се и залихите на готовите производи во споредба со претходниот месец.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември годинава изнесува 58.2% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во септември 2012 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24%, недоволната домашна побарувачка со 19%, финансиските проблеми со 14.8% и неизвесното економско опкружување со 8.8%.
Слично
