Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mеморандум за соработка на 1-ви август ќе потпишат македонскиот и бугарскиот министер за економија и енергетика

Mеморандум за соработка на 1-ви август ќе потпишат македонскиот и бугарскиот министер за економија и енергетика

На први август, министерите за економија и енергетика на Македонија и Бугарија ќе потпишат меморандум за соработка. 

Главната цел на меморандумот што ќе го потпишат министерот Крешник Бектеши и министеркaта Теменушка Петкова е продлабочување на соработката во енергетиката, преку разгледување на можноста за изградба на ново интерконективно гасно поврзување меѓу гасните системи на двете земји. 

За реализација на предвиденото, планирано е создавање на меѓудржавна работна група за гас, која во рок од шест месеци по стапувањето на сила на овој документ ќе треба да подготви нацрт технолошко-економски елаборат за изградба на новото гасно поврзување. 

Овој елаборат треба да содржи анализи на техничките, пазарните, економските, финансиските и регулаторните аспекти на проектот и да понуди решенија за потребната инфраструктура на територијата на двете држави. 

Потпишувањето на меморандумот е чекор напред во исполнување на целите на соработка во областа на енергетиката меѓу двете земји, создавање на регионален енергетски пазар во земјите на Југоисточна Европа и целосна интеграција со внатрешниот енергетски пазар на Енергетската заедница.

Слично

Поврзани вести