Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меморандум за прекугранична хармонизација на фреквенции меѓу Македонија и Косово

Меморандум за прекугранична хармонизација на фреквенции меѓу Македонија и Косово

Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија и Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации на Република Косово потпишаа спогодба за прекугранична хармонизација на фреквенции со која ќе се избегнат проблемите со присутноста на сигнали на ГСМ-УМТС 900 и 1800 фреквенциски подрачја од операторите на мобилна телефонија од косовска територија на територијата на Република Македонија и обратно.

Спогодбата, како што соопштуваат од Агенцијата за електронски комуникации, ја потпиша вчера директорот Роберт Орданоски.

Во соопштението се посочува дека целта на оваа хармонизација е да се утврдат принципите, техничките одредби и административната постапка потребни за регулирање на заедничко распоредување на ГСМ/УМТС мрежите и опсезите во граничните подрачја  која беше иницирана од  досегашната прекугранична интерференција на фреквенциите на операторите од двете страни.

Пред потпишувањето, Спогодбата е презентирана пред операторите кои се согласиле за преземање активности во насока на почитување на принципите за планирање на фреквенциите и нивна координација утврдено според препораките на Меѓународната унија за телекомункации. Координацијата на фреквенциите на граничните подрачја е неопходна за да се обезбеди ефикасно користење на спектарот и еднаков пристап до спектарот во граничните подрачја

Слично

Поврзани вести